Патници во шпански воз скокале низ прозорците на вагоните кои гореле за да се спасат

570

Двајца патници со најтешки повреди се евакуирани со хеликоптер, додека останатите се пренесени во болница во близина.

Патниците од шпанскиот воз кој патувал од Сагунта до Сарагоса скокале низ прозорците кога пожарот почнал да ги голта вагоните. Никој не загинал, но 20-тина луѓе се здобиле со изгореници, а тројца имаат тешки повреди.

Машиновозачот го забележал пожарот во близина на Кастељон. Утврдувајќи дека патот пред него е преопасен, го сопрел возот и се подготвил за возење наназад, но некои од 48-те патници во паника почнале да ги кршат стаклата и да бегаат од возот зафатен од пламен.

Двајца патници со најтешки повреди се евакуирани со хеликоптер, додека останатите се пренесени во болница во близина, пренесува „Guardian“.

Претседателот на Валенсија, Чимо Пуиг, рекол дека во регионот се евакуирани повеќе од 1.000 луѓе чии домови биле во опасност од пожарот во Бејис, по што двајца пожарникари биле повредени во огнената стихија.

Валенсија е последен во низата шпански региони кои се погодени од огромните шумски пожари предизвикани од топлинскиот бран кој уништи илјадници хектари шума. Пожарот уништил повеќе од 800 хектари само во Бејис, додека пожарот во Вал Д’Ебу гори во целост надвор од контрола.