Вистинските гурмани нема да му одолеат на печениот компир со шунка и кашкавал. Ако и вие сте едни од нив, вистинско време е да го пробате овој рецепт.
Состојки:
– 4 поголеми компири
– 100 гр. шунка
– 50 гр. сирење
– 100 гр. кисела павлака
– 2-3 чешниња лук
– рендан кашкавал
– 3 јајца
– малку масло
– неколку листови од магдонос
Подготовка:
Сварете го компирот, но не докрај. Извадете ја лушпата, па пресечете на половина. Издлабете ја средината во една чинија. Исечете ја шунката на коцки, исто како сирењето.
Јајцата изматете ги со жолчката, додадете го компирот, исецканата шунка и сирењето, издробениот лук, листот од магдонос…
Додадете ја киселата павлака и ренданиот кашкавал и сè заедно изедначете. Печете на 220 степени околу 40-50 минути за убаво да зарумени.
Уживајте во неверојатната ужинка или вечера.
На здравје!