Пејачката Мартина е неутешна по убиството на сопругот: „Помина еден месец откако проклетите душмани те земаа“ „На тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее“

1259

екогашната македонска поп-пејачка Мартина Димовска минатиот месец се соочи со голема животна трагедија. Имено, нејзиниот сопруг Антонио Парапулов ладнокрвно беше убиен во пресметка на улицата Рузвелтова, а Мартина се’ уште не може да се помири со загубата. Па така, деновиве на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија под која напиша:

Токи мој… месец дена помина откако проклетите душмани те земаа… Ми фалиш, душичке, ми фалиш, Муцееее… Антониа те бара, срцево те бара!!! Знам дека не’ гледаш и не’ чуваш од горе, ми даваш сила да се борам како лавица!!! На тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее… Те сакаме“, напишала Мартина.