Пејачот признал: “Не сум имал врска цели 22 години бидејќи сакам само 12-годишни девојки”

1051

Пи Џеј Проби стекна популарност како поп музичар во 60-тите години на минатиот век, но бизарните и морничави приказни од приватниот живот ја одбележаа неговата кариера.

80-годишниот чие вистинско име е Џејмс Маркус Смит, кој се прослави со хитовите “Hold Me”, “Somewhere”, “I Will”, ја одржува својата проштална турнеја во Велика Британија, а во неодамнешното интервју по повод истата за “Daily Mirror” признал дека го привлекуваат малолетнички и поради тоа повеќе не планира да има сериозни љубовни односи.

“Не планирам повеќе да се женам бидејќи не смеам да бидам со девојки од 12, 13 и 14 години. Тоа е причината и зошто во последните 22 години немав врска, но и зошто не користам онлајн сервиси за запознавање на луѓе”, изјавил Пи Џеј Проби и со своите зборови ги згрозил и шокирал обожавателите.

Првата девојка со која застанал пред олтарот била тогашната 16-годишна Мариен Адамс, а откако се развеле, ја оженил Џуди Хауард која имала одвај 16 години. Последната избраничка со која се испробал во брачните води била Дулчи Тејлор која се венчала со Пи Џеј на 21 година.

За да ги оправда своите претпочитања, пејачот пробал да објасни зошто бил заљубен во млади девојки:

“Пораснав во Тексас каде поголемиот дел од девојките стапуваат во брак до 12-тата година”, објаснил тој.

Иако го привлекуваат малолетнички, пејачот некое време ја љубел 45-годишната историчарка и водителка Луси Ворсли, но како што вели тој, бил со неа затоа што изгледала значајно помлада.

Покрај шокантната вистина за тоа дека сака млади девојки, пејачот ја изненади јавноста со признанието дека во деведесеттите години имал проблеми со алкохолот и пиел до пет шишиња виски на ден. Поради зависноста, тој преживеал срцев удар кој му оставил многу тешки последици, по кој морал одново да учи да оди и говори па неговата кариера паднала во втор план. На крајот, Пи Џеј Проби признал дека не верува дека ќе живее уште долго и дека е благодарен што успеал да “дотурка” до 80-тата година.