Американската војска очајнички се обидувала да ги пронајде остатоците од јапонскиот F-35A стелт ловец кој се урнал во Пацификот, пред Русите или Кинезите да ги претекнат.
Делови од опашката на овој софистициран авион биле пронајдени откако во текот на тренажниот лет исчезнал од радарот на околу 136 километри од јапонскиот брег. Подоцна било потврдено дека авионот е пронајден.
Во потрагата по остатоците од авионот, за кои се верува дека се наоѓаат на длабочина од 5.000 метри, биле вклучени 8 бродови и 7 авиони, вклучувајќи го и американскиот патролен авион P-8 Orion. Пилотот на авионот не е пронајден.
Меѓутоа експертите денес предупредиле дека Русите и Кинезите можеле да дојдат до остатоците на овој авион за да ги откријат неговите тајни.
Том Мур, поранешен висок службеник на американскиот Сенат од Одборот за надворешни работи, напишал на Твитер: “Нема цена на овој свет која Кина и Русија не се подготвени да ја платат за да дојдат до исчезнатиот американски ловец, а можат”.
Се верува дека Кина и Русија можеле да тргнат со своите напредни подморници во пребарувањето на дното на океанот за да дојдат до виталната технологија. Експертите предупредиле дека делови од овој млазен авион лесно можеле повторно да се направат ако авионот бил пронајден пред американските или јапонските тимови за потрага.
Користа за Русите или Кинезите доколку успееле први да ги пронајдат деловите на авионот би зависела од тоа колку ќе било оштетено тоа што ќе го пронајдат.
“Општиот облик и неговите карактеристики и перформанси се добро познати, така што на тоа поле не би добиле многу, но делови од радарот и другите сензори би биле нивна главна мета за пронаоѓање”, рекол еден експерт за борбена авијација.