Пеле одбил да признае дека Кристијано Роналдо го престигнал по бројот на голови, па одлучил на профилите на социјалните мрежи да направи радикален потег.
Во третиот ден од 2021 година Кристијано Роналдо постигна два гола во Серија А, па со тоа го сруши рекордот по бројот на постигнати голови кој што го постави легендарниот Пеле.
Португалецот во кариерата постигна 758 голови, додека пак Бразилецот во текот на својата величествена кариера постигнал 757 голови.
Се очекуваше честитки од Пеле, но наместо тоа тој ги смени своите информации на социјалната мрежа Инстаграм.
Фановите на фудбалот кои што ги следат социјалните мрежи забележале дека еден ден по постигнувањето на головите на Роналдо и рушењето на рекордот на Пеле, тој на Инстаграм под личните податоци напишал:
„Најдобриот стрелец на сите времиња (1.283)“.
Тој дел досега не стоел на неговиот профил, што јасно покажува дека Пеле и понатаму е убеден дека е најдобриот стрелец на сите времиња во фудбалот, иако останатите 526 голови ги постигнал во хуманитарни и пријателски натпревари.
Многу од навивачите останале во шок: „Човекот нема срам“, „Пеле ги вброил сите голови кои ги постигнал и на тренинг, пријателски натпревари и хуманитарни натпревари“, додале фановите.