Пендаровски: Да не се брза со решавање на спорот со Бугарија, време е за реформи

697

Сите посакуваме преговорите со Европската унија да почнат и да завршат, но наместо со датуми треба да се опседниме со реформи. Не треба да се брза во спорот со Бугарија. Ова е пораката од годинешното обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците. Шефот на државата гледа добра основа за разговори во ставовите на новата бугарска Влада.

Шефот на државата констатираше и на слабости во функцинирањето на институциите, особено во делот на неказниовоста. Реформите во владеењето на правото мора да бидат најважни вели тој.

Пендаровски го поздрави како демократски чинот на оставката на Заев од премиерската функција.

Владејачките партии по говорот изјавија дека гледаат сојузник во Пендаровски за стратешките цели, но и конструктивен коректор.

За опозицијата, шефот на државата само констатирал пропусти во системот, но не направил ништо да ги поправи.

Пендаровски втора година по ред го почнува обраќањето со едноминутно молчење за починатите од Ковид-пандемијата. Во собраниската сала не беа единствено пратениците од Левица.