Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, ќе го пречека претседателот на Бугарија, Румен Радев, по што ќе одржат тет-а-тет средба.
По завршување на средбата, двајцата претседатели со државниот авион на Бугарија, ќе отпатуваат за Рим, каде што заеднички ќе оддадат почит на делото на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.