Пендаровски: Им се заблагодарив на амбасадорите на Чешка и Словачка, а ставот на Русија за македонскиот јазик е добро познат

551

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на „Канал 5“ се осврна на новонастанатата ситуација во Европската унија и ветото кое Бугарија го доби од Чешка и Словачка.

Да потсетиме, Чешка и Словачка го блокираа донесувањето на заклучоците поради спорната фраза „погрешно толкување на историјата“ наметната од соседна Бугарија. Во врска со дипломатскиот притисок со кој сега се соочува Бугарија, која се чини дека остана сама против целата Европска унија во спорот со Македонија, се огласи и претседателот Стево Пендаровски.

„Словачка и Чешка реагираат. Вчера од нивните амбасадори бев информиран дека ќе одат со таа формулација. П Пред неколку дена во бугарскиот парламент се изгласа дека Кирил и Методиј се прогласуваат за бугарски просветители, а во Уставот на Словачка во Преамбулата каде што се опишува како се создавала државата, се споменати и Кирил и Методиј.. И тие сега велат со став на Европската унија во целина, не може некој да кажува како е направена нашата држава. Јас разговарав со амбасадорите и им се заблагодарив“.

Во врска со Русија и рускиот став околу ова прашање, претседателот Пендаровски истакна дека Москва не го сменила својот став: „Русија не е членка на ЕУ и не може да влезе во расправа, но Русија секогаш го потенцира македонскиот јазик и народ“.

Инаку, делото на Кирил и Метдиј посебно се цени во Словачка и Чешка, а во преамбулата на уставот на Словачка, словенските просветители се споменуваат во контекст на „наследство оставено од предците“.

Инаку, неодамна рускиот претседател Владимир Путин истакна дека словенската писменост дошла од македонска почва, со што ја разлути официјална Софија. Браќата Кирил и Методиј самите пишуваат дека и превеле своите дела на словенски јазик, но Бугарија неодамна бесрамно го прогласи 24-ти мај за ден на бугарската азбука.