Апел за граѓаните да се почитуваат мерките, барање до приватното здравство да ги намалат цените за ковид услугите, но и силна критика до власта да не се повторат сликите од вакцинација на македонски граѓани како онаа од минатиот викенд во Србија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.
Прв по средбата се огласи гостинот, а нередовен член на советот министерот Филипче кој е изненаден од изјавите на Пендарвоски и напиша дека вакцинацијата во Србија не е срам за државата туку чин на солидарност, а го обвини Пендаровски дека недоволно помогнал околу набавката на вакцини на што Пендаровски претходно, пак, одговори дека здравство е задолжено да го информира, без да открие кога стасуваат вакцините од ЕУ.
Претседателот рече и дека здравствените капацитети се искористени до максимум, но државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување.
Од министерот Венко Филипче, пак, добил уверување дека такво нешто не се случило досега ниту ќе се случи во иднина.
Личен апел упати и до приватните здравствени установи да се откажат од профитот за да ги направат нивните услуги подостапни за граѓани.
Предмет на разговор биле и евентуалните засилени рестрикции за што Пендаровски бил уверен од здравствените експерти во комисијата за заразни болести дека нема потреба од нови мерки како карантин и полицсики час. Зоран Заев, Талат Џафери, Бујар Османи, Спасовски, Шеќеринска и Филипче си заминаа од Вила Водна по два часа разговори околку справувањето со пандемијата.
За да нема злоупотреби се договориле секој до нив да се пријави во системот за елктронско пријавување за вакцинација и да си го чека својот редот.