Оваа пензионерка од Флорида, за малку ќе паднела во несвест кога во текот на проверката на состојбата на својата сметка на банкомат, открила дека има 8.5 милиони долари.
Дајана Лагуили пронашла мултимилионски износ на својата сметка, но веднаш нешто ѝ било сомнително.
Кога се јавила во банката, сфатила дека станува збор за грешка. Наиме, во рок од 12 часа таа добила известување на телефон дека погрешно уплатената сума пари е повлечена од нејзината сметка.
Тоа е изненадување кое што очигледно не траело многу долго, но тоа ја инспирирало неа да купи залихи за некоја медицинска сестра…
„Ми беше драго поради тоа, иако немам 8 милиони долари на сметка. Требаше само да го видите нејзиното лице. Што се однесува до парите, таа бајка веднаш излета преку прозорец“ – изјавила Лагуили.
Таа сепак не е првата личност која што пронашла милиони на својата сметка… Претходно оваа седмица, волонтерот пожарникар, се обидел да подигне 1.700 долари, но на неговата сметка имало 8 милиони долари.