Иван Перишич е се поизвесно дека ќе го напушти Милано.
Според последните информации кој ги пренесува “Спорт Медиасет” хрватскиот репрезентативец следната сезона нема повеќе да го носи дресот на Интер. Италианскиот медиум тврди дека Челзи ќе биде новиот клуб на 33 годишниот напаѓач. Лондонските “сини” нудат двогодишен договор од 4,5 милиони евра по сезона.
Во финалето на купот Перишич постигна два гола во продолжението и го донесе трофејот на “Џузепе Меаца”. Годинава има одиграно 47 натпревари на кој забележа 9 погодоци и 8 асистенции.
Димитар Младеновски