Пет бродови потонаа на парадата на Трамп во Тексас (ВИДЕО)

622
Дури пет бродови потонаа на парадата за поддршка на кампањата на Трамп за нов претседателски мандат што се одржа во езерото Тревис во близина на Остин, Тексас.

„Украсете ги своите бродови со патриотски бои и вејте онолку знамиња за Трамп колку што можат да понесат! Така поддржувачите на Трамп беа поканети на парадата на бродовите. „Ајде да испратиме порака“, беше повикот.

Но, пораката не излезе точно како што сакаа да ја испратат. Кога стотици чамци започнаа да се движат заедно, ова им создаде големи проблеми на учесниците. Наскоро, шерифот во округот Тревис доби 15 повици за помош.

„Речиси веднаш по започнувањето на парадата, ТКСО започна да прима повици за помош од бродовите“, се вели во соопштението на канцеларијата на шерифот. „Итните повици беа разновидни и вклучуваа: чамци потопени со вода, мотори кои престанале да работат, превртени чамци и бродови кои тонат.

Тие успеале да извлечат поголем дел од чамците од водата пред да потонат на дното на езерото, соопшти канцеларијата на шерифот. Но, пет бродови потонале. Три подоцна биле извлечени, а два се уште се на дното на езерото.

Никој не е повреден меѓу оние што повикале помош, соопшти канцеларијата на шерифот.

Од канцеларијата на шерифот соопштија дека не нашле докази за можна саботажа.

Еден од бродовите преплавени со вода имал неколку знамиња со про-Трамп порака„Да ги натераме либералите повторно да плачат“. Според фотографот Боб Демрих, тој брод не се превртел.

„Пожарникарите извадија голем број луѓе од водата“, изјави за Њујорк Тајмс, Брејден Фрејм, претседател на Здружението на пожарникари за округот на езерото Тревис.

За време на викендот се одржале неколку паради со бродови за поддршка на кандидатурата на Трамп.