Пет намирници за брзо закрепнување на мускулите

928

Верувале или не, она што го јадете по тренингот може да има големо влијание на вашето фитнес здравје бидејќи вистинските намирници можат да го забрзаат закрепнувањето на мускулите, да ја намалат болката и да го подобрат вашиот имунитет.

Овие намирници треба да ги консумирате во рок од еден час по тренингот со цел да ги искористите сите нутритиенти кои тие ви ги пружаат.

Сок од вишни

Сокот од вишни е полн со антиоксиданси и различни антивоспалителни соединенија кои докажано го олеснуваат закрепнувањето од интензивните тренинзи. Многу студии го докажале ова тврдење, а како дополнителен бонус, овој сок го регулира и крвниот притисок.

Јајца

Консумирањето на цели јајца ја поттикнува протеинската синтеза во телото. Жолчките изобилуваат со здрави масти, витамини, како и минерали како железо и фосфор.

Компир

Љубителите на диетите секако нема да бидат воодушевени од оваа ставка, но факт е дека јаглехидратите се вашите најдобри пријатели кога станува збор за закрепнувањето по тренингот. Храната како компир, житарици и овошје може да ви помогне во одржување на имунитетот кој може да опадне по интензивното вежбање.

Чај од билки

Една студија докажала дека лицата кои консумираат 600 милилитри чај дневно многу побрзо закрепнуваат по вежбањето во однос на оние кои консумираат само вода. Главните “виновници” за тоа се антиоксидансите кои се наоѓаат во листовите на билките.

Чаден лосос

Зголемениот внес на омега-3 масни киселини можете да го постигнете со консумација на одреден тип на риба, како лосос и сардини. Омега-3 масните киселини го пронаоѓаат патот до вашите мускулни клетки и ја намалуваат предизвиканата штета која резултира со болни воспаленија.