Петар Грашо патуваше цели 15 часа за да се дружи со македонската публика – „Скопје, ми недостасуваше!“

1053

Дека Петар Грашо одлично пее знаат и врапчињата на гранка, дека има одлични хитови, исто така, ама дека може да се разнежни до степен да побара утеха среде настап… богами ретко кој да знае. И не за џабе се вели кој не видел нема да верува.

На синоќешниот настап во Intermezzo music bar, Грашо си пееше по пропис, журката си течеше по протокол …совршено… се до еден момент, иако на самиот почеток нагласи дека не планира многу да зборува туку само да пее, не се сети на корона кризата која му го одзела како што рече она за што и од што живеел – музиката и дружбата со фановите.

Откако испеа речиси се свое, по нешто и од Оливер, па и тема од девојка му Данијела Мартиновиќ, Грашо онака разнежнет и насолзен тргна да и се заблагодарува на публиката.

Заради сето ова што ни се случува, заради пандемијата патував повеќе од 15 часа, не знаев ни дали и како ќе стигнам, но вредеше. За ова вреди да се живее, иако ништо повеќе не е исто. Навистина не знам кога пак ќе се видиме, можеби за три, можеби за шест месеци… Ве сакам и ми недостасувате сите, фала ви што дојдовте во ова не само тешко, туку и лудо време, Грашо емотивно им се обрати на присутните и им порача да бидат позитивни, полни со љубов и да се чуваат.