Поранешниот тренер на Вардар, Александар Васоски, кој од пред два дена и официјално го напушти кормилото на клубот, апелираше да преземе нешто околу состојбата во најтрофејниот македонски клуб, односно да не се дозволи да згасне.
И навивачите на Вардар, видно револтирани од актуелното, и како што велат, тотално неспособно раководство на ФК Вардар, бараат апсолутна отченост од раководството и информација од сопственикот Самсоненко до јавноста за тоа што се случува.
Навивачите покренаа и петиција за спас на најтрофејниот македонски клуб, а истата можете да ја потпишете на ОВОЈ ЛИНК.
До
Град Скопје
Раководство на Фудбалски клуб Вардар
Ние, навивачите на ФК Вардар,
Револтирани од кризата во која западна најтрофејниот македонски фудбалски клуб,
Вознемирени од блокадата на сметките на клубот,
Бесни поради неспособноста на сегашното раководство и незаинтересираноста на властите да се изнајде одржливо решение за гордоста на нашиот град и Македонија,
Загрижени од можноста ФК Вардар да згасне,
Со надеж дека ќе го поттикнеме Градското собрание повторно да го земе клубот под своја закрила,
Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:
1. Сегашното раководство да ја информира јавноста за тоа што се случува во ФК Вардар и да достави целосен извештај за состојбата во која се наоѓа клубот до Градот Скопје,
2. Господинот Сергеј Самсоненко да ги исплати долговите што клубот ги должи и да го врати ФК Вардар во сопственост на Град Скопје со чиста сметка,
3. Во случај г-дин Самсоненко да не ги подмири долговите, Градот Скопје да го преземе клубот и да изнајде начин за подмирување на долговите со цел стабилизирање на ФК Вардар.
АЈДЕ ДА СИ ГО СПАСИМЕ КЛУБОТ!
СПАС ЗА ФК ВАРДАР МОРА ДА ИМА!
Приклучете се и вие обидот за спас на ФК Вардар.