Новиот бугарски премиер Кирил Петков најавува дека официјална Софија во ппретстојниот период, по преземањето на функцијата ќе стави крај на опструкциите на напорите на Македонија да се приклучи кон ЕУ.
Во интервју за Фајненшел тајмс, дадено пред да биде потврден за нов премиер на Бугарија, тој ја реафирмирал посветеноста на Софија за НАТО и Западот, изјавувајќи дека „се100 проценти на вистинската страна на НАТО и политиките на ЕУ“.
„Ќе предложиме нов процес за Северна Македонија, многу брз, со ограничена временска рамка на само шест месеци“.
Весникот потсетува дека односите меѓу Софија и Скопје се влошени, а многу Бугари го отфрлаат концептот на посебен македонски идентитет и јазик, а има спор и околу настани што датираат наназад до Втората светска војна.
Петков, според Фајненшел тајмс се соочува со предизвикот на зацртување на политиката на неговата влада кон Македонија, со оглед дека коалициски партнер кој го дава министерот за надворешни работи е партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов кој гради слика на романтичарски национализам и тврди дека Северна Македонија, етнички и културно е бугарска.
Петков вели дека Има таков народ е конструктивен партнер и дека прашањата кои предизвикуваа загриженост во изминатите месеци „ќе останат на маса“.