Се пожали Биниќ на себичноста на македонската „кобра“, зашто сѐ требало да биде шанса за Панчев да даде гол, ама Србинот на интересен начин откри каков магнет бил центарфорот за топката, која секојпат само него го погодувала.
„Како Дарко што знаеше да даде гол, тоа никој не го знаеше. Таков центарфор веќе не се раѓа. Петмина да застанеме во шеснаесетник, ќе дојде Дарко како шести и баш него ќе го погоди топката за да даде гол. Чудо!“, вели Биниќ.
Српското крило посочува дека во кариерата само еднаш дочекал нашиот Панчев да му асистира, а сѐ друго било негова асистенција за „кобрата“ да даде гол.
„Прв и последен пат кога ми асистираше беше против Грасхоперс во Белград – и никогаш повеќе. Со Ренџерс игравме феноменално, еден дадовме од три потега, а јас се враќам на нивни корнер и сега, ја избивам топката, Панчев ја фаќа на половина терен и во полн спринт ја има да ме спои со голот, а тој како по обичај – ја турна по страна за да мора јас него да му асистирам (се смее – н.з.). Секогаш беше така, никогаш двосмерна улица… И, јас лут што не ме турна во зицер и што додаде на страна, а тој мангуп знае дека ќе му центрирам, па тргна на втора статива, се врати на прва, топката го удри во колено и даде гол. Тоа е“, вели Биниќ.