Петре Шилегов позитивен на коронавирус

714

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот профил на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.

“Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање”, гласи статусот на Шилегов на оваа социјална мрежа.

Градоначалникот на главниот град во статусот додал и вирусот не смее да смее да се потцени и дека секој од нас мора да внимава.