Пилот преживеал 36 дена во дивината на Амазон по пад на авион: Една работа го одржала во живот

974

Го пронашла група земјоделци кои запалиле логорски оган и така го привлекле вниманието на спасувачките тимови.

Бразилскиот пилот Антонио “Тонињо” Сена, чиј авион се урнал во прашумите на Амазон, минал 36 дена во дивината. Кога конечно го пронашле, имал 25 килограми помалку.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Сена на 28-ми јануари полетал од Аленквер, на северниот брег на реката Амазон, а отишол кон градот Алмерим со “Цесна 210”. Меѓутоа, моторот откажал, па морал принудно да слета.

Во текот на 36 дена јадел леб кој го имал во себе. Го пронашла група земјоделци кои запалиле логорски оган и така го привлекле вниманието на спасувачките тимови.

Кога конечно го забележале, бил видно исцрпен, дехидриран и слаб. Бразилската телевизија пренела дека дека имал средба со семејството пред да биде префрлен во болница.

“Единственото нешто што ме одржуваше во живот беше мојата љубов кон семејството и желбата да ги видам родителите, сестра ми и брат ми”, рекол пилотот кој ја доживеал оваа несреќа два дена пред својот 36-ти роденден.

“Сакам да им се заблагодарам на сите кои не се откажаа од мене”, порачал тој.