Екипажот на авионот кој во пламен слетал на Шереметјево останал до крајот на своето работно место, се додека не бил евакуиран последниот патник. Тие активно учествувале во акцијата за спасување.
На социјалните мрежи се споделуваат нивните фотографии, со коментари дека се херои.
Екипажот на авионот го сочинувал командантот Денис Евдокимов, копилотот Максим Кузнецов, стјуардите Татјана Касаткина, Максим Моисејев, Ксенија Вогел.
Потсетуваме, најмалку 41 лице загинало вчера, меѓу кои и две деца, а најмалку шест лица биле повредени при принудното слетување на патничкиот авион кој се запалил на московскиот аеродром Шереметјево, јавува “Tass”.
Три лица биле примени во Рускиот национален центар за хирургија, рекол директорот на центарот, додавајќи дека двајца пациенти претрпеле изгореници на околу 15-20 проценти од телото, а исто така имаат и оштетување на белите дробови.
На списокот повредени патници бил и Владимир Јеменков, првиот човек на Северноморската област. Службеникот потврдил дека бил на летот, но одбил да дава коментари.
Экипаж сгоревшего в Шереметьево самолета – герои!
Пилоты не покидали кабины и руководили эвакуацией до тех пор, пока борт не покинул последний пассажир.
Командир – Денис Евдокимов, второй пилот – Максим Кузнецов, бортпроводники –Татьяна Касаткина, Максим Моисеев, Ксения Фогель pic.twitter.com/qfdY8hKV2U
— Наталия Елисеева (@Angeouedemon) May 5, 2019
Во авионот “Sukhoi Superjet-100” имало 73 патници и шест членови на екипажот.
Според пишувањата на странските медиуми, пожарот на аеродромот и изгасен.
Спасувачите ги пребаруваат остатоците од опашката на авионот, во која, се претпоставува, би можело да има уште загинати кои не успеале да се евакуираат.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изразил сочувство за семејствата на загинатите. Тој наредил темелно да се истражи инцидентот.