Пирс Морган: Принцот Хари ја продаде душата на ајкулите „Нетфликс“

516

Британскиот новинар и ТВ-презентер Пирс Морган јавно го прозва принцот Хари во врска со серијата „Круна“ што се емитува на „Нетфликс“.

„Со нетрпение ја очекував четвртата сезона на драмата The Crown („Круната“) со речиси еднакво грозничаво исчекување како тоа за вакцина против Ковид-19“, Морган напиша на „Твитер“.

„Кога Нетфликс вчера го објави целиот трилер од 10 епизоди – не може да има друг збор освен трилер – веднаш го изгледав како прегладнет лав што се прејал со штотуку убиена антилопа.“

„Да кажам дека не бев разочаран е потценување на милениумот.“

„Како може лицемерот Хари да се пожали на тоа како печатот се однесувал кон мајка му, а својата душа ја продаде за милиони долари на ‘Нетфликс’ ајкулите, кои ја прикажаа како плитка, луда жена која повраќа, а татко му како насилно чудовиште во кревет?“ твитна британскиот новинар.

И принцот Вилијам, постариот брат на Хари, наводно, бил бесен за начинот на кој „неговите родители се експлоатирани и лажно претставени само за да се заработат пари“, пренесуваат британските таблоиди.