Питер Бредшоу: „„Медена земја“ ќе го однесе Оскарот за најдобар документарен филм“

738

Во недела ќе се одржи 92-то доделување на престижните награди за Оскар, а Питер Бредшоу, врвниот филмски критичар на „Гардијан“ за македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој се натпреварува во две категории прогнозирал дека ќе добие Оскар.

Воедно Питер Бредшоу кој е најдобриот филмски критичар во светот, ги изјавил своите предвидувања за тоа кои од филмовите ќе добијат оскар во одредени категории на овогодишното доделување на Оскарите.

Според него, за најдобар филм ќе добие oскар „1917“ од режисерот Сем Мендес, а за најдобар режисер оскарот ќе го добие Бонг Џон-Хо од јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Наградата за најдобар актер ќе ја однесе извонредниот Хоакин Феникс од филмот „Џокер“, а за најдобра актерка Рене Зелвегер за филмот „Џуд“.

Во овие негови прогнози не заостанува ниту нашиот „Медена земја“ за кој Питер вели дека ќе го однесе оскарот за најдобар документарен филм.

Според Бредшоу за најдобар интернационален филм оскарот ќе го добие „Паразит“.

Останува да ја проследиме церемонијата на доделувањето на Оскарите која ќе се одржи в недела на 9-ти февруари по полноќ во театарот Делби во Холивуд.

Целосната прогноза на Бредшоу за потенцијалните победници погледнете ја ТУКА.