„Плачам во соблекувална, се распаѓам! Единствено тој натпис ми дава сила…“: Легендарниот Тевез ги доживува најтешките денови од својот живот

467

Прославениот аргентински напаѓач Карлос Тевез моментално го поминува „пеколот“ во својот живот.

Фудбалерот на Бока Јуниорс признава дека сè потешко и потешко го поднесува фактот што неговиот татко се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.

Раимундо Тевез е заразен со коронавирусот и неговата клиничка слика е многу лоша. Веќе 45 дена се наоѓа на интензивна нега, а пред само неколку денови состојбата му се влошила.

„Многу ми е тешко, емоциите се помешани. Понекогаш сум добро, а понекогаш плачам во соблекувалната на полувреме“, изјавил Тевез за „ESPN“, па додал:

„Ова се тешки времиња. Одам да го посетам татко ми во болница, а потоа морам да бидам силен и да играм фудбал“.

Навивачите на Бока направиле огромен транспарент за поддршка на Тевез, а тоа особено го погодило асот:

„Тоа ми ја исполнува душата, кога ќе стапнам на терен и го гледам тој натпис. Важно е само дека уште сум јак, благодарение на луѓето во мојот клуб и моето семејство кое што ми помогна да не се распаднам. Морам да продолжам да се борам“, вели Тевез.

Инаку, биолошкиот татко на напаѓачот бил убиен пред Тевез да се роди. Раимундо и неговата сопруга го посвоиле Карлос и го одгледале како сопствено дете.