Плачот на домородец од Амазонија го крши срцето: Ако треба ќе ја дадам и последната капка крв, само да ги спасам овие шуми

748

Додека страшните пожари беснеат во Амазонската прашума, припадниците на автохтоното бразилско племе Мура се заколнале дека до последни сили ќе ја бранат својата земја.

Најголемата прашума на светот, Амазонија, моментално е складиште кое го забавува темпото на глобалното затоплување. Ја нарекуваат белите дробови на светот бидејќи, освен апсорпцијата на јаглерод-диоксид, обезбедува и 20 проценти од сите резерви на кислород.

Во Амазонската прашума живеат околу милион домородци, а таа е дом за околу три милиони видови билки и животни.

“Ова е целосно уништување. Ако треба, ќе ја дадам својата последна капка крв за да ја спасам оваа шума. Сите овие дрвја некогаш биле живи и имале право на тоа. Сега луѓето сакаат да го уништат. Ние ќе се обидеме да го заштитиме ова подрачен, природата, дрвјата и животните”, рекол Раимундо Мура, припадник на племето.

“Со години сме тука, додека немало струја и патишта. А сега секој ден се соочуваме со сечење на шуми и крадење на земја. Тажни сме што шумата постојано умира. Веќе сега забележуваме како се менува климата. На светот му е потребна оваа шума. Потребна ни е и нам и на нашите деца”, навел Хадек Вакана Мура, исто така припадник на племето