“Планината” повторно докажа дека е најсилниот човек на светот

1085

Хафтор Јулиус Бјорнсон ја стекна светската слава во ТВ серијата “Game of Thrones” во која се појавува во улога на “Планината”.

Хафтор повеќе пати е прогласуван за “крал на мртвото подигнување” и се смета за еден од најсилните луѓе на планетата, а поради својата сила и големина го добил и овој популарен прекар кој го следи и во серијата. 

View this post on Instagram

Who’s jealous? @kelc33

A post shared by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson) on

Исланѓанецот, голем дел од својот живот посветил на сериозните и тешки тренинзи кои ги применува секој ден. Тренинзите од него бараат неверојатна издржливост и по неколку часа во денот и вклучуваат вежби со огромни тежини.

Овојпат, Хафтор уште еднаш го шокираше светот бидејќи подигнал тежина од 473 килограми и со тоа јасно покажал дека е најсилниот човек на светот. Тој е единствениот маж кој во иста година освоил три натпревари – “Arnold Strongman Classic”, “Europe’s Strongest Man” и “World’s Strongest Man”, што само уште еднаш ги докажува неговите импресивни способности.

View this post on Instagram

Throwback Thursday ?

A post shared by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson) on