KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици во производство на Кабли, On-board мрежи, Пластична технологија и Мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda…). Во Македонија KROMBERG & SCHUBERT во Битола изгради фабрика и вработува над 6.300 работници.
Вработување.Ком, за потребите на компанијата KROMBERG & SCHUBERT, објавува оглас за вработување на:
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
БЕНЕФИЦИИ:
Стабилна работа со можност за напредок
Редовни примања
Осигурани на полно работно време
Платен превоз и платен топол оброк од првиот ден
Редовни бонуси за редовност и ефикасност
Годишен колективен одмор
Исплата на регрес за годишен одмор
Просечна плата за оператор: од 18.000 МКД до 20.000 МКД со редовно покачување
За да аплицирате, испратете ја вашата кратка биографија на следниот оглас.
Пет совети како да ја добиете работата од вашите соништа
Секој има компанија во која сака да се вработи или позиција која смета дека е “кроена” за него. Доколку постои фирма која се наоѓа на врвот на вашата листа на работа од соништата, време е да превземето нешто во врска со тоа. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да го остварите тоа.
Постојано истражувајте
Учете што е можно повеќе за компаниите за кои сте заинтересирани. Ова е совршено за кога ќе дојде времето за интервју да бидете максимално спремни. Со широкиот опсег на информации за компанијата ќе можете да го импресионирате вашиот потенцијален работодавач и да добиете на предност. Бидете во тек кога станува збор за огласите кои ги објавува компанијата и потрудете се повеќе да дознаете што се истата има постигнато и за какви цели се залага.
Бидете активни на интернет
Во денешно време со помош на социјалните медиуми можноста за константно информирање за работата на команиите е поголема од било кога. Социјалните медиуми повеќе не се само платформа за споделување на видеа и комуницирање со пријателите. Пробајте да ги следите официјалните страници на компаниите и обрнувајте внимание на нивните најнови активности. На овој начин ќе може да ги идентификувате потенцијалните можности за работа и вооедно да видите што се треба да поседува совршениот кандидат.
Присуствувајте на настани
Многу компании учествуваат на саемите за вработување, како и на различни настани за мрежно поврзување. Редовно посетувајте ги ваквите случувања, и можеби ќе имате можност на лице место да се поврзете со вработените и да се стекнете со дополнителни информации за фирмата. Бидејќи ваквите саеми првенствено се насочени кон вработување, ова е одличен начин за поврзување и создавање на потенцијална можност за вработување. Затоа, облечете се професионално, донесете копија од вашата биографија и искористете ја можноста да станете дел од тимот.
Одете на интервјуа
Колку и да звучи фрустрирачки одењето на интервјуа и недобивањето на работата, верувајте дека тоа ќе ве направи многу поспремни за кога ќе дојде времето да се покажете на правото место. Вооедно, со одењето на интервјуа вие ќе ја намалувате тремата со секое наредно појавување.
Константно надградувајте се
Како што минува времето конкуренцијата расте и поради тоа морате постојано да бидете во тек со побарувачката на пазарот на труд. Учете константно и работете на себе. Запишете се на курс, научете нов јазик, читајте стручна литература, освежете го тоа што сте го заборавиле. На овој начин ќе можете да се истакнете и да имате поголеми шанси да ја добиете долго посакуваната позиција.