Плажа преполна со телевизори, мебел и играчки: 200 контејнери паднале од брод – Холанѓаните се впуштиле во лов на плажата

849

Десетина контејнери со роба, меѓу кои се нашле и телевизори со рамни екрани, испловиле денеска на брегот на холандските острови Тершелинг и Влиланд, откако испаднале од брод во немирното море, соопштила холандската стража на брегот.

Околу 200 контејнери од бродот „MSC ZOE“, со Панамско знаме, паднале на бесните бранови, пренесува холандската телевизија „RTL Nieuws“.

На снимките, кои ги емитувала холандската телевизија, се гледа како ловците на „богатство“ ги разгледуваат предметите кои испловиле на брегот на островот, а меѓу нив имало и светилки и телевизори, пренесува Ројтерс.