Пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, едно од најлегендарните и најомилените изданија во Франција ја остави цела нација во жалост, но за една личност ова сепак е само почеток на една нова ера.
Мариса Папен (26), скандалозната Плејбој зајачица која своето име го изгради така што гола позираше пред различни верски објекти, на својот Фејсбук профил напиша:
“Црквите горат…ќе дојде нова ера”, напишала во понеделникот на фотографијата каде позира пред Ватикан, а потоа во својата објава додала:
“Третиот завет. Се сочувствувам со сите оние кои биле жртви на црквата. Сексуално, ментално или физички”.
Рекациите на оваа објава биле различни. Додека некои го поздравија нејзиниот статус како предупредување, другите ја критикувале за нејзиниот начин на изразување.
“Ми се допаѓа тоа што го правите и му се восхитувате на вашиот слободен дух, но можеби не е време да кажувате вакви зборови, бидејќи сè уште не знаеме дали некој е повреден или го изгубил животот”, беше еден од коментарите.