Познатата плус сајз манекенка Искра Лоренс конечно по пат на социјалните мрежи ја потврди врската со американскиот музичар Филип Пејн.
Искра (28) одлучила неговиот роденден да биде повод за првпат да ја објават нивната заедничка фотографија и така на целиот свет да му ја покаже својата љубов.
Искра во објавата напишала дека ова е првпат на својот профил да покаже маж иако ѝ е помалку страшно што нешто толку чисто и лично го споделила со целиот свет.
“Знам дека ќе има различни коментари и осуди, но не ме интересира. Сакав да нè покажам нас на светот”, напишала таа, а потоа и му го честитала роденденот.
Искра и Филип за првпат заедно биле видени во декември, а љубовта е сè посилна како што поминува времето.