По бегството на Мијалков, Спасовски денеска ќе поднесе оставка?

592

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска си поднел оставка од функцијата, дознава Нетпрес од извори во СДСМ.

Причина за наводната ставка е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, обвинет за случајот Таргет-тврдина.

Оставка од Спасовски претходно побара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите иако знаеле, не презеле ништо за да го спречат бегството.

На официјалната фејсбук страна на министерот Спасовски нема никаква реакција, а последната објава таму е од 21-ви февруари, пред да се случи бегството на Мијалков.

Од МВР засега нема одговор на ова прашање.