По цели 70 години се менува правилото за „четири жмигавци“

722
Палењето и гасењето на трепкачите би се активирало со двојно притискање на прекинувачот, а сите 4 трепкачи автоматски би се активирале во сите опасни ситуации, како што тоа се случува кај некои современи модели при нагло кочење.

Еден од најпрепознатливите знаци за предупредување или запирање на возилото во сообраќајот, вклучувањето четири трепкачи, наскоро би можело да претрпи промени. Прекинувачот со кој се активираат сите четири трепкачи во автомобилите е воведен уште во 1951 година и од тогаш ваквиот начин за предупредување на другите учесници во сообраќајот никогаш не се променил.

Но, сега, една американска компанија смета дека таквиот вид сообраќајна сигнализација би можела да претрпи одредени промени со цел нејзината функција да биде унапредена.

Компанијата „Emergancy Safety Solutions“ која се занимава со различни прашања за безбедноста во сообраќајот, смета дека промената на фреквенцијата на палење и гасење на светлата значително би ја подобрила видливоста на возилата кои запираат. Токму затоа, предлага фреквенцијата на трепкачите да се зголеми на 4 херци, односно сите четири покажувачи на правецот да се палат и да се гасат четири пати во секунда, бидејќи тоа е фреквениција која човекот најдобро ја перцепира, пишува „Car and Driver“.

Со тоа, палењето и гасењето на трепкачите би се активирало со двојно притискање на прекинувачот, а сите 4 трепкачи автоматски би се активирале во сите опасни ситуации, како што тоа се случува кај некои современи модели при нагло кочење.

Оваа идеја ѝ го привлече вниманието на американската Национална администрацја за безбедност на патиштата, која планира да се занимава со нејзино анализирање во претстојниот период.