По долги години Лозано на средба со штипската публика

862

По подолго време штипјани утревечер ќе уживаат на неколкучасовниот концерт на еден од најпознатите пејачи во земјава, Влатко Лозаноски – Лозано.

На градскиот базен во Штип во еден глас ќе се пеат хитовите на Лозано како што се: „Километри“, „Жена како ти“, „Мандарина“, „Јако, јако“, „Сонце не ме грее“ и уште многу други. – Со нетрпение ја очекувам оваа средба со штипската публика, бидејќи пред нив не сум настапувал веќе неколку години. Им ветувам одлична забава и ноќ за паметење – вели Лозано.

Инаку популарниот пејач ќе настапи во рамки на летниот фестивал „One Summer Beach – Hello Festival“.