По Фајзер и Астра Зенека ја намалува испорака на вакцини за ЕУ

498

Фармацевтската компанија „AstraZeneca“ ги извести официјалните претставници на Европската Унија дека ќе ги намали количините на својата вакцина против коронавирусот за 60 проценти во првиот квартал од годинава поради проблеми со производството, изјавил за Ројтерс неименуван висок функционер вклучен во разговорите за испорака.

Како што изјавил за Ројтерс, компанијата се очекуваше да достави околу 80 милиони дози вакцина до земјите-членки на ЕУ до крајот на март, но ќе бидат испорачани само 31 милион. Од таму додале дека договорената количина од 80 милиони дози ќе почне да се испорачува од вториот квартал на годинава.