По неа плачела цела Југославија: Актерката ја криела опасната болест до смртта, а на децата секој ден им испраќала писма

984

Убавата и талентирана актерка јa изгубила најтешката животна битка која што храбро ја водела до нејзиниот последен здив.

Станислава Пешиќ, позната југословенска актерка била родена во Белград во време на војната на 7 јуни 1941 година, а дури од трет пат успеала да го положи приемниот испит на Академијата.

Штом ги завршила студиите ја ангажирал Народниот театар, а на филм дебитирала во 1961 година, додека пак за улогата на Саша во „Pesmi“ на Радош Новаковиќ била наградена во фестивалот во Пула.

Огромната популарност ја стекнала во популарната ТВ серија „Pozorište u kući“.

Потоа следеле многубројни главни и споредни улоги, а на Телевизија Београд работела и како водителка во програма за деца.

Во 1992 година Станислава добила канцер. Својата последна улога ја толкувала во драмата „Dugo putovanje u noć“, па храбро ја протолкувала со оглед на тоа што во тоа време била многу болна.

Последните години од животот, во текот на борбата со опасната болест останале запишани во нејзиниот дневник и во книгата „Devetnaest društvenih igara“ која што ја објавила неколку месеци пред нејзината смрт.

Во неа ја опишала својата потресна борба со болеста, стравовите, надежите, но и објавила писма кои што во најтешките моменти им ги испраќала на своите деца.

Станислава за себе оставила два сина – Перо и Иван. Нејзиниот син Иван бил во петгодишен брак со актерката Вања Ејдус со која што има ќерка.

Популарната актерка заминала тивко, пред 20 години кога на 20 ноември 1997 година во Белград ја загуби најтешката ворба во животот.