По попуштањето на мерките, дел од фризерските салони почнаа со работа – погледнете го начинот на кој што работат

706

За многу кратко време, како во светот, така и во Македонија животот запре, а причината на сите ни е многу добро позната – коронавирусот.

Македонија досега успешно се бори со невидливиот непријател, откако владата ги постави рестриктивните мерки со кои беа зафатени сите граѓани на Македонија, како и сите компании.

Едни од ‘погодените’ компании во рестриктивните мерки беа и фризерските салони ширум земјава, но бидејќи сме во процес на попуштање на таквите мерки и втората фаза во борбата со Ковид-19, дел од нив веќе почнаа ширум да ги отвораат своите врати за клиентите.

Во разговор со Перица Ивановски – Пеце, директорот на фризерскиот салон „Cool Cut“ решивме на нашите читатели да им објасниме како најдобро и најбезбедно треба да функционира еден фризерски салон.

„Поради настанатата ситуација во државава со ширењето на заразата Ковид-19, за да бидеме сигурни и заштитени сите меѓусебно едни од други, при посета на нашето студио и користење на нашите услуги би ВЕ замолиле да се придржувате до мерките на СЗО, како и мерките кои што се спроведени во правилникот на „Cool Cut““ – порача Перица Ивановски – Пеце, кој што вели дека по повторното отворање на фризерскиот салон, интересот на граѓаните за посетување на истиот е многу голем, како стари, така и нови клиенти.

Ова се дел од правилата до кои што треба да се придржувате:

1. Доаѓање на закажан термин без придружба.
2. Дезинфекција на обувките пред влегување во просторијата.
3. Дезинфекција на рацете со гел за дезинфекција.
4. Задолжително носење заштитна маска.
5. Одржување на поставената физичка дистанца.

Кои се предностите на овој фризерски салон?

1. Спроведување редуцирани термини со што клиентите ќе се чувствуваат безбедно, задоволно и среќно.
2. Користење чист пешкир за секој клиент.
3. Редовна дезинфекција и стерилизирање на алат за работа.
4. Постојано обезбедување на средства за дезинфекција на рацете.
5. Обезбедување заштитни ракавици за секој клиент.
6. Редовна дезинфекција и бришење на столица на работниот дел како и просторот кој што е наменет за миење на косата.

Ова се причините поради кои што не треба да се плашите да посетите фризерски салон и да ја обновите и потстрижите вашата коса.