Со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 19 до 5 часот, јавниот превоз од денеска ќе сообраќа до 19 часот во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот.
Од сабота (25.4.2020 година) од 15 часот до понеделник (27.4.2020 година) до 5 часот јавниот превоз нема да функционира.
За деталите за режимот на јавен превоз во сабота ЈСП ќе достави информации до јавноста во текот на утрешниот ден.
Повеќе детали за распоредот на ЈСП можете да видите ТУКА