По скандалот се врати дома: Се огласи Калиниќ откако беше избркан од хрватската репрезентација од страна на селекторот

901

Хрватската фудбалска репрезентација деновиве ја тресе скандал затоа што селекторот Златко Далиќ се реши да го испрати дома еден од најискусните репрезентативци, Никола Калиниќ.

Напаѓачот на Милан вчера слетал на аеродромот во Сплит, а таму го чекал неговиот агент Томас Ерцег кој бил „натрупан“ со повици од Милано од каде барале објаснување што точно се случило со Калиниќ.

И покрај обидите на Калиниќ да ги избегне хрватските новинари, тоа не се случило затоа што аеродромот во Сплит имал само еден излез. При излегувањето Хрватот не делувал разочаран што ја напуштил репрезентацијата и само кратко изјавил:

– Што да ви кажам кога знаете дека не можам ништо да зборувам. Доколку се одлучам да кажам нешто ќе ви јавам – гласел краткиот коментар на Калиниќ.