По велигденските празници, Словенија повторно ќе дозволи работење на некои услуги и одредени продавници кои биле досега затворени поради епидемијата на „Ковид-19“.
Работата во индустријата нема да биде ограничена, рече словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек.
Ова ќе оди постепено, ќе имм се дозволи работа на вулканизерите, механичарите, миења на автомобили и услуги за поправка на технички производи, а ќе можат да работат и продавниците за градежни материјали, рече Почивалшек по средбите на неколку членови на владата со бизнисмените за планирано олеснување на ограничувањата.
Во вториот чекор, ќе се отворат продавници за техничка стока, на пр. продажба на апарати за домаќинство и мебел и овозможено работење и пополнување на магацините во онлајн продавници.
Ограничувањата во производствените активности нема да бидат воведени веднаш, рече Почивалшек, додавајќи дека ваквите компании се покажаа добро организирани и обезбедуваат безбедна работа за вработените и потребни заштитни мерки.
Министерството за економија, во координација со другите министерства, е одговорно и за набавка на заштитна опрема и опрема за здравствените работници. Почивалшек рече дека во моментов се достапни доволно средства.
„Сепак, ние нема да дозволиме набавката на оваа опрема да биде злоупотребена на штета на нашите даночни обврзници, ниту ситуацијата ќе им користи на „воените профитери ““, рече Почивалшек.
Тој додаде дека словенечката влада нарачала 300 респиратори и неколку милиони маски како дел од заедничката јавна набавка низ ЕУ, но засега нема информации дали ќе се реализира.