Победа за Салвини: Италија нема да прими брод со 160 мигранти!

808

Административниот суд во Рим синоќа одлучи дека бродот на шпанската хуманитарна организација “Open Arms” со 160 мигранти не смее да навлезе во италијанските територијални води.

Откако од “Open Arms” најавија дека спасените мигранти ќе бидат пренесени на безбедно во Италија, веднаш жалба до административниот суд поднесе министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, по што неговата жалба беше усвоена.

Бродот на шпанската хуманитарна организација поради забраната на Салвини две седмици чекаше дозвола да навлезе во италијанските територијални води.

Наводно, додека бродот чекал да добие дозвола, на неколку мигранти им се влошила здравствената состојба.

Недолго после одлуката на административниот суд од Рим, се огласи и Матео Салвини кој нагласи дека ќе продолжи да се противи на пристигнувањето на хуманитарните бродови во италијанските пристаништа.