Кошаркарот на Далас Маверикс првпат играше со Далас против Мавси, клубот во кој се прослави, каде што беше супезвезда и во кој помина пет и пол години.
Меѓутоа, пред два месеца Нико Харисон, главниот менаџер на Далас, шокантно го размени Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс за Ентони Дејвис.
Размената се случи две години пред истекот на договорот на Дончиќ и претставува една од најсензационалните зделки во историјата на НБА лигата. Дончиќ сега се врати во Далас. Прво се расплака гледајќи го видеото што клубот го направи во негова чест
Потоа им покажа на Мавс кого отпишале. Во победата на Лејкерс 112:97, за 38 минути постигна 45 поени. Така го изедначи сезонскиот рекорд. Тоа веќе го постигна еднаш како играч на Далас и еднаш како играч на Лејкерс.