Врховниот суд на Велика Британија ја одби жалбата на шеикот на Дубаи, Мухамед бин Рашид ал Мактум, на одлуката на неговата поранешна сопруга, принцезата Хаја Бинт Ал Хусеин, да одобри објавување на две пресуди за старателство над нивните деца.
Шеикот Мухамед од мај минатата година е во спор со принцезата Хаја за старателство над нивните две деца. Принцезата Хаја инаку е полусестра на јорданскиот крал Абдула.
Ендру Мек Фарлан, претседател на одделението за семејни односи при Врховниот суд во Лондон кој го водеше овој процес, донесе две пресуди во јануари, а потоа одлучи да дозволи нивно објавување во јавност.

Врховниот суд одби да му одобри на шеикот Мухамед да се жали на оваа одлука, наведувајќи дека случајот не отвора ниту еден спорен правен аспектод јавно значење.
Сепак, строгата забрана за објавувањето на двете пресуди останува на сила до неопределено време.