Кинеската компанија “Lenovo” претставила, на својата конференција “Accelerate 2019” во Орландо, прв компјутер со свитлив екран.
Станува збор за свитлив екран сличен на оние кај паметните телефони, како што “Samsung Galaxy Fold” и “Huawei Mate X”.
Од “Lenovo” порачуваат дека тука не станува збор за замена на паметен телефон, туку иновација која ќе го замени денешниот лаптоп.
“Ние овој производ го гледаме како замена за лаптоп, и веруваме дека тие на луѓето ќе им отворат нови можности”, рекол маркетиншкиот директор на “Леново”, Том Батлер.
Кинеската мултинационална компанија веќе три години работи на развој на прототип на компјутерот “Think Pad” кој изгледа како телефон на преклоп, но кој има многу поголема површина.
“Lenovo” планира својот нов преносен компјутер официјално да го претстави во 2020-та година, како дел од неговиот “Think Pad XI premium” бренд.
Целта на таа компанија е да создаде врвен производ кој ќе биде компјутер на својот вид, а не додаток или секундарен компјутер како што е сега случај со таблетите.
Претставениот модел на идниот компјутер на “Lenovo” ќе има можност да се склопи на големина на обична книга. Официјалното име и цената на новиот уред уште не се познати.
Lenovo shows off the world’s first foldable PC https://t.co/IZFBkvJ4H6 pic.twitter.com/XgFWQdKQyQ
— The Verge (@verge) May 13, 2019