Почина 12-годишно девојче од ковид-19 во Хрватска

615

Меѓу 12-те починати од ковид-19 во изминатите 24 часа во Хрватска е и 12-годишно девојче.

Вера Каталиниќ Јанковиќ, претставничка на Министерството за здравство, изјавила дека девојчето имало многу коморбидитети од кардиолошки аспект.

– Ние само што ја примивме информацијата дека детето починало од ковид-19 и дека станува збор за тешки кардиолошки коморбидитети, а други податоци сѐ уште немаме – вели Крунослав Цапак., директор на Хрватскиот завод за јавно здравство.

Хрватска според висоната на инциденцата е на 7 место во ЕУ.