Почина Гоце Илиески, возачот на брза помош кој ја доби болеста спасувајќи животи

732

Возачот во прилепската Брза помош, Гоце Илиески (42)за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот. Со ковид- 19 тој се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.

На осми март почина мајката на Гоце, но најблиските одбиваа да му ја кажат лошата вест бидејќи и самиот беше во критична состојба. Ја имал само неа, бидејќи татко му починал во 2007 година.

И синот на Илиески, Филип (12), беше хоспитализиран во клининиката Козле, но после долго боледување е подобар, неодамна информираа блиски пријатели на семејството.