Холивудската актерска легенда Кирк Даглас почина на 103-годишна возраст, потврди неговиот син Мајкл.
Познатиот “Спартак” почина вчера, а зад себе ја остави сопругата Ана Бајденс, синовите Мајкл, Џоел и Питер и бројните внуци и правнуци.
Неговиот син, познатиот актер Мајкл Даглас, официјално ја потврди веста за магазинот “People”.

“Со голема тага моите браќа и јас објавуваме дека нашиот Кирк Даглас нè напушти денеска во 103-та година од својот живот. За светот беше легенда, актер од златното доба на филмовите кој живееше добро и доживеа длабока старост, хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше постави стандарди кон кои треба сите да тежнееме”.
“Но, за мене и моите браќа беше едноставно ‘Тато’, а за Кетрин (Зета Џоунс) прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци обожуван дедо, а за Ана прекрасен сопруг. Животот на Кирк беше добар. Зад себе остави филмско наследство во кое ќе уживаат и наредните генерации. Беше и филантроп кој секогаш се стремеше за помош на другите и мир во светот.
Да завршам со зборовите кои му ги кажав на неговиот последен роденден и кои засекогаш ќе останат вистинити: ‘Тато, многу те сакам и сум горд што сум твој син’”, напишал Мајкл Даглас на својот Инстаграм профил.