Патријархот на Српската православна црква Иринеј, почина денеска во 90-та година од животот, по петнаесетдневна борба со коронавирусот, пренесуваат српските медиуми.
Здравствената состојбана патријархот Иринеј значително се влошила ноќта помеѓу среда и четврток, по што денеска тој починал.
Според најавите, патријархот Иринеј ќе биде погребан во главниот град на Србија, Белград.