Починала жената од Дебар која беше на респиратор, хоспитализиран е и нејзиниот сопруг

562

Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника, дознава Фактор. Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг.
Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.

Жената имаше 62 години.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.