ПОЧИНАЛО БЕБЕ во стомакот на родилка во битолска гинекологија, и дале таблета да испровоцира породување, ама била пратена дома од лекарот

330

Уште еден трагичен настан поврзан со болницата ги потресе битолчани.  Бебе починало во стомакот на родилка од Битола откако  и била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави Независен.

Според нивните информации кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас.

Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, во порака го потврдува случајот за „Независен“ , но не дал детали.