Почнаа нагодувањата: Реал за Погба нуди тројца фудбалери

882

Пол Погба се почесто се спомнува како засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок, а и тој самиот повремено ги распламтува шпекулациите со изјави дека сака да игра за овој тим, односно за тренерот Зидан.

Англиските медиуми од своја страна најавуваат дека се почнати контакти меѓу двата клуба кои можат да резултираат со размена на играчи. Наводно, Реал е подготвен да понуди тројца фудбалери од својот тим за да го донесе Погба, и денес најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата.

За него би ги дале Бејл, Хамес Родригес и Тони Крос, тројца играчи кои во минатото беа поврзувани со Манчестер Јунајтед. Во овој случај „ѓаволите“ би доплатиле, но ќе добијат извонредни фудбалери.